Sibel Uğurlu
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
СОФИЈА (АА) - Бугарската државна телевизија БНТ вчера објави дека претседателските избори во Бугарија го чекаат вториот круг, кој ќе се одржи за седум дена, откако ниту еден од кандидатите не го доби потребниот број гласови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според уставот на земјата, кандидатот треба да добие 51 процент од гласовите за да стане претседател.
„Одѕивот на гласачите na петтитe претседателски избори во земјата изнесуваше 45,3 отсто“, соопшти претходно Централната изборна комисија.
Во првиот круг победи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија, поранешниот командант на бугарските воздухопловни сили, генерал Румен Радев, кој доби 24,8 отсто од гласовите.
Претседателот на парламентот, Цецка Цачева, поддржана од страна на владејачката партија ГЕРБ освои 23,5 отсто од гласовите.
Вториот круг од изборите ќе се одржи на 13 ноември.
Премиерот Бојко Борисов најави дека доколку Цачева не победи Владата ќе поднесе оставка.