Furkan Abdula
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Скопје започна жртвувањето на курбан од страна на Управата за верски работи на Република Турција (TDV), јавува Агенција Анадолија (АА).
Секретарот за верски работи при Амбасадата на Република Турција во Скопје, Мурат Алкан, за АА изјави: „И оваа година како и сите претходни, Одделот за верски работи при Амбасадата на Република Турција и Управата за верски работи на Република Турција во Северна Македонија заеднички организираа жртвување на курбани донирани од граѓаните на Турција. Жртвувани ќе бидат вкупно 60 грла крупна стока во кланицата „Џеза“ во Студеничани, со следење на сите пропишани хигиенски правила.“
Наведувајќи дека откако ќе биде завршен процесот на жртвување на курбаните, месото треба еден ден да остане во фрижидер, Алкан истакна дека следниот ден месото ќе се подготви во пакувања од по 5 килограми и со специјално опремени возила ќе биде дистрибуирано до оние кои имаат потреба во западниот регион на Северна Македонија и во источниот регион на земјата во кој живеат Турците Јуруци.
„Во оваа пригода, посакуваме она што го разбираме и се обидуваме да го објасниме како близина кон Алах со пожртвуваното обожавање да биде инструмент во нашата блискост до Семоќниот Алах. Би сакал да им порачам на сите граѓани на Турција кои преку Управата за верски работи на Турција ги испратија своите донации во странство, дека на најдобар начин ќе го спроведеме жртвувањето на курбаните и распределбата на курбанското месо до оние на кои помошта им е најпотребна. Уште еднаш на сите им го честитам празникот Курбан бајрам“, истакна Мурат Алкан, секретарот за верски работи при Амбасадата на Република Турција во Скопје.