Stipe Majic
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа регистрирани се 219 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, јавува Агенција Анадолија (AA).
Со 219 нови случаи, бројот на моментално заразени, активни случаи во Хрватска денес изнесува 1.520, соопшти Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска.
Меѓу нив 122 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 11 пациенти.
Две лица починаа.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес регистрирани се вкупно 7.074 лица заразени со Ковид-19, од кои 168 починати, а 5.386 се излекувани.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 5.459 лица.
До денес тестирани се вкупно 142.124 лица, од кои 1.653 во последните 24 часа.