Bilal Acar
19 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
ЛОНДОН (АА) - Заводот за статистика на Велика Британија соопшти дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во земјата, бројот на случаи на депресија кај возрасните лица е двојно зголемен, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во Извештајот се наведува дека во периодот од јули минатата година до март годинава, секое десетто лице во Велика Британија имало симптоми на депресија, а дека од почетокот на пандемијата во март таа појава е регистрирана кај секое петто возрасно лице.
Со најголем ризик за развој на депресија се изложени луѓето со пониски финансиски приходи, лицата со посебни потреби и жените.
Во Извештајот се наведува дека 84 отсто од лицата со депресија се загрижени затоа што пандемијата на Ковид-19 им ја загрози егзистенцијата.
Од Заводот за статистика тврдат дека и резултатите од последното истражување ги потврдуваат последиците што пандемијата ги има врз менталното здравје на луѓето.