Aldıjana Hadzıc
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
САРАЕВО (АА) - Врз основа на 84,10 отсто од обработените гласачки места, според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК на БИХ), во трката за член на Претседателството на БиХ од редовите на бошњачкиот народ води кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА), Шефик Џаферовиќ, со освоени 175.053 или 37,17 отсто од гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Втор е Денис Беќировиќ од Социјалдемократската партија (СДП) со 157.731 или 33,49 отсто од гласовите, потоа следува Фахрудин Радончиќ од Сојузот за подобра иднина (СББ) со 60.619 или 12,87 отсто, независниот кандидат Мирсад Хаџикадиќ со освоени 44.850 или 9,52 отсто, Сенад Шепиќ од Независниот блок со 25.075 или 5,32 отсто, и Амер Јерлагиќ од Партијата за БиХ (СБиХ) со освоени 7.609 гласа или 1,62 отсто.
Во трката за член на Претседателството на БиХ од редовите на хрватскиот народ води Жељко Комшиќ од Демократскиот фронт (ДФ) со 177.638 глас или 51,56 отсто, втор е Драган Човиќ од Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ) со 127.172 или 36,91 отсто, потоа Дијана Зеленика од Хрватската демократска заедница 1990 (ХДЗ1990) со 22.123 или 6,42 отсто, Бориша Фалатар од Наша партија со 12.372 или 3,59 отсто и Јерко Иванковиќ Лијановиќ од Народната партија „Со работа за подобар живот“ (НСРБ) со 5.238 гласа или 1,52 отсто.
Кога станува збор за ентитетот Република Српска, во трката за српски член на Претседателството на БиХ води Милорад Додик од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) со освоени 313.209 гласа или 53,87 отсто од гласовите, потоа Младен Иваниќ од Сојузот за победа со 249.692 или 42,95 отсто, Мирјана Поповиќ од СНС со 9.649 или 1,67 отсто од гласовите и Гојко Кличковиќ од Прва СДС со 8.971 или 1,52 отсто.
Претседателот на ЦИК, Бранко Петриќ, во воведното обраќање рече дека денес е нов ден кога сите ги сведуваат резултатите од четиригодишната работа и надежи.
Истакна дека во тек е внесувањето и проверката на податоците, и дека од синоќа немало промени во бројката на излезност.