Andjelija Stojkovic
26 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денес изјави дека земјите од Западен Балкан мора да бидат дел од Европската Унија и дека односите меѓу ЕУ и Западен Балкан се приоритет, јавува Anadolu Agency (АА).
„Без нив (земјите од Западен Балкан) ЕУ не е комплетна. Таа не е ексклузивна сопственост на сегашните земји-членки, туку и другите земји имаат право да пристапат“, рече Јункер на прес-конференцијата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград.
Тој истакна дека интеграцијата во европските институции се заснова врз заслугите на секој кандидат поединечно.
„Ќе разговараме со секоја земја-кандидатка и ќе го оцениме напредокот кој е постигнат. Србија е меѓу земјите кандидати кои постигнаа најголем напредок. Кога станува збор за датумот на пристапување не зависи од нас, туку првенствено од Србија“, рече Јункер, додавајќи дека 2025 година, како датум за влез не е ветување, туку можност и охрабрување за земјата која сака да стане членка.
Тој кажа дека според негово мислење ЕУ не може да ги прифати земјите кои не ги решиле територијалните спорови, и дека ЕУ не може да ги внесе билатералните спорови во заедницата.
„Сакаме на земјите од Балканот да им пружиме стабилност, а не да внесеме нестабилност, која не е решена пред пристапувањето во Унијата“, рече Јункер.
Тој додаде дека ЕУ сака односите меѓу Белград и Приштина да се нормализираат, преку правно обврзувачки договор.
„Не е на нас да кажеме кои се условите. На Белград и Приштина е да одредат каков ќе биде карактерот на овој договор“, рече Јункер.
Тој додаде дека е смирен кога станува збир за патот по кој оди Србија, дека Србија поминала импресивен дел од патот и дека откако ќе ги исполни условите, ќе биде дел од ЕУ.
Јункер рече дека ова не посета на инспекција во Белград и дека на Србија не треба да ѝ се држат лекции, затоа што тоа е голема нација.
„Од министерот за надворешни работи нема да бараме да изврши харакири“, рече Јункер.
Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Србите и Албанците тешко ќе постигнат договор, но дека се радува на дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ.
„Пред нас е да се пронајде правно валиден договор со Приштина. Немаме што да криеме. Време за замајување во минатото имаше многу“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател нагласи дека без решавање на односите со Приштина, Србија ќе се „гуши“.
Тој додаде дека во отворените разговори со Јункер и еврокомесарот Јоханес Хан увидел дека целиот Западен Балкан е составен дел на европскиот континент.