Sevgi Ceren Gökkoyun
24 Август 2024•Ажурирај: 27 Август 2024
ЊУЈОРК (АА) - Во соопштението што вчера го даде „Fitch Ratings“, се забележува дека иако стапките на невработеност и понатаму остануваат ниски според историските стандарди, олабавувањето на условите на пазарот на трудот доведе платите да се под притисок поради инфлацијата, известува Анадолу.
Се истакнува дека ваквата состојба им помогнала на централните банки во развиените економии да го оправдаат намалувањето на каматните стапки, посочувајќи дека стапките на невработеност се зголемиле во САД, Англија, Канада, Германија, Австралија и Швајцарија.
Во соопштението се посочува на следново:
„Стапката на невработеност во САД, која изнесуваше 3,5 % пред една година, се зголеми на 4,3 % во јули 2024 година. Во Англија стапката на невработеност која беше 3,8 % во ноември 2023 година, се зголеми на 4,2 % во мај. Во Канада стапката која изнесуваше 5 % во јануари 2023 година, достигна 6,4 % во јули 2024 година. Во Германија, стапката на невработеност од 2,9 % во мај 2023 година се зголеми на 3,4 % во јуни 2024 година. Стапката на невработеност во Австралија, која изнесуваше 3,5 % во јуни 2023 година, се зголеми на 4,2 % во јули 2024 година. Стапката на невработеност во Швајцарија од 2 % во јуни 2023 година се искачи на 2,5 % во јули 2024 година.
Во соопштението во кое се посочува дека централните банки на Европа, Англија, Швајцарија и Канада ги намалиле стапките на политиката на каматите во последните 2-3 месеци, се наведува дека добивката од 10-годишните државни обврзници на САД е намалена поради очекувањата дека Американската централна банка (ФЕД) ќе ги намали каматните стапки во блиска иднина.
Се потсетува дека Централанта банка на Јапонија ја зголеми основната стапка која се движеше од 0 % до 0,1 %, на 0,25 %, додека Централната банка на Русија во услови на забрзување на инфлацијата, со зголемување од 200 базични поени, стапката ја издигна на 18 %.