Övünç Kutlu
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американската компанија „General Motors" (GM) соопшти дека го прекинала целокупното производство во Венецуела откако властите во таа земја ја презеле нејзината компанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата „General Motors" (GM) се наведува дека властите на Венецуела вчера незаконски ја презеле нејзината компанија во индустрискиот центар на Валенсија.
Се додава дека преземањето на нејзината компанија претставува, како се наведува, отворено непочитување на „General Motors".
Се наведува исто така дека со ова е нанесена „непоправлива штета” на американската компанија.
Во соопштението се наведува дека во компанијата GM во Венецуела биле вработени вкупно 3.000 работници.
Од американската компанија порачаа дека ќе ги покренат сите потребни правни мерки за да ги одбранат своите права.