Murat Temizer
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија „Газпром“ ја испорача најголемата дневна количина гас откако постои, 579 милиони кубни метри, за Турција и за Европа, соопштија синоќа од оваа компанија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Газпром“ го цитираше својот извршен директор Алексеј Милер, кој изјави дека оваа рекордна зафатнина ја покажува неопходноста за изградба на нови гасоводи како што се „Турски тек“ и „Северниот тек II“.
Извозот на руската компанија порасна од 147,6 милијарди кубни метри во 2014 година, на 159,4 милијарди кубни метри во 2015 година.
„Газпром“ има цел до крајот на оваа година на Турција и на Европа да им испорача меѓу 166 и 170 кубици природен гас.