Bayram Altuğ
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
ДАВОС (АА) - Турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, кој присуствува на 49. Светски економски форум во Давос, Швајцарија, се состана со челниците на меѓународните компании и финансиски институции, при што истакна дека основата на турската економија е цврста, јавува Anadolu Agency (AA).
Албајрак рече дека се задоволни од интересот на меѓународните компании за инвестирање во Турција. Додаде дека со потенцијалните инвеститори е разговарано за новата економска програма на Турција, како и за чекорите кои ќе бидат преземени во следниот период.
Турскиот министер порача дека странските инвеститори кои вложуваат во Турција секогаш биле и ќе бидат во добивка.
На овогодишниот Форум во Давос присуствуваат над 3.000 претприемачи, политичари, академски работници и претставници на владиниот сектор од 110 земји.
Во текот на Форумот ќе бидат организирани над 350 сесии.