Ekip
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека напуштањето на ЕУ под какви било услови ќе има полоши последици врз економијата на Велика Британија, отколку земјата да остане во европскиот блок, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ако гледате на ова од чисто економско гледиште, ќе нè чини тоа што ја напуштаме ЕУ, бидејќи ќе дојде до препреки во нашата трговија“, истакна Хамонд.
Меѓутоа, тој нагласува дека договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, кој подразбира продолжение на блиските економски врски, ќе ја намали економската штета.
Владата и Банката на Англија во среда планираат да ги извршат проценките за економското влијание на Брегзит во кое било сценарио.
Британската премиерка, Тереза Меј, прави сè да ги увери скептичните пратеници да го поддржат договорот за Брегзит, во пресрет на гласањето во Парламентот на 11 декември.