Tuba Onğun
22 Декември 2022•Ажурирај: 23 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека овој месец очекуваат нагло паѓање на инфлацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овој месец ќе бидеме сведоци на нагло паѓање на инфлацијата. Одлучни сме инфлацијата да ја намалиме на 30 отсто кон средината на годината [2023] и на 20 отсто на крајот од годината“, рече претседателот Ердоган по состанокот со министерот за труд и социјална политика на Туркије, Ведат Билгин и претседателот на Конфедерацијата на синдикати на работодавачи на Туркије (TISK), Озѓур Бурак Аккол.
Ердоган потврди и дека од 1 јануари 2023 година ќе се зголеми минималната плата за 54,5 осто.
„Нето-минималната плата за самци ќе изнесува 8.500 турски лири (455 долари) месечно, за разлика од претходните 5.500 лири (295 долари) месечно“, појасни Ердоган.
Според најновите податоци на Турскиот институт за статистика (TurkStat), годишната стапка на инфлација во Туркије во ноември е намалена за 1,2 отсто во однос на октомври оваа тековна година.
Ердоган рече дека во процесот на одредување на минималната плата е посветено големо внимание на правата на работниците и работодавачите и укажа на можноста за ревизија на оваа одлука и ново зголемување доколку за тоа се укаже потреба.