Ekip
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Највисокиот европски суд пресуди дека економските санкции на блокот кон руските компании поради кризата во Украина се оправдани, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката на Европскиот суд на правдата дојде денес, како одговор на правниот предизвик на рускиот нафтен и гасен гигант „Роснефт“ пред британскиот суд.
„Роснефт“ сака да ја поништи одлуката на лидерот на ЕУ од јули 2014 година, со која се ограничуваат одредени финансиски трансакции и се ограничува извозот, што беше наметнато откако Русија изврши анексија на украинскиот полуостров Крим.
Европскиот суд на правдата со седиште во Луксенбург наведе дека се оправдани рестриктивните мерки против одредени руски субјекти, усвоени како одговор на кризата во Украина.