Gökhan Ergöçün
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на регистрирани нови патнички автомобили во Европската унија (ЕУ) е намален за 9,9 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на ACEA, најголем пад е забележан во Италија од 16,3 отсто, по која следат Франција (со 11,8 отсто) и Германија (со 7,4 отсто).
Само во септември бројот на регистрации на автомобили е зголемен за 9,6 отсто на годишно ниво.
„Сепак, ова зголемување главно се должи на малиот број на регистрации во септември минатата година, кога недостигот на полупроводници го намали производството на возила“, велат од ACEA.
Германија забележа најголем раст од 14,1 отсто, а Шпанија од 12,7 отсто минатиот месец.