Ekipa
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) - Планот на Европската унија според кој е предвиденo бегалците од Грција и Италија да бидат разместени и во другите земји во ЕУ, доцни со реализација, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската комисија денес соопшти дека до средината на мај од Грција, Италија и другите земји преселени се само 1.500 бегалци, од 20.000 планирани.
Димитрис Аврамополус, комесарот на ЕУ за бегалци, упати апел да се тргне со дејство на теренот.
„Мораме брзо да одговориме на итната хуманитарна ситуација во Грција и да спречиме било какво влошување на ситуацијата во Италија” , порача Аврамополус.
Европската комисија проценува дека во континентална Грција моментално се наоѓаат околу 46.000 бегалци.
Земјите на ЕУ во септември минатата година постигнаа договор во наредните две недели да поделат повеќе од 160.000 бегалци, бидејќи Грција и Италија се „пренатрупани” со доаѓање на стотина илјади луѓе.