Burhan Sansarlıoğlu
08 Август 2023•Ажурирај: 09 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Извозот на Туркије во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) достигна 2,46 милијарди долари во првите седум месеци од годината, јавува Анадолу.
Односите меѓу двете земји продолжуваат да добиваат на интензитет со новата трговска и економска соработка во последните две години.
Интензивните дипломатски контакти започнати меѓу двете страни за зајакнување на односите во сите области, особено по пандемијата, ги поттикнаа и трговските врски.
За време на посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на ОАЕ минатиот месец, беа потпишани договори во вредност од 50,7 милијарди долари.
Во рамки на овие договори одлучено е продлабочување на постојната соработка со ОАЕ во области како енергетиката, транспортот, инфраструктурата, логистиката, е-трговијата, финансиите, здравството, храната, туризмот, недвижностите, градежништвото, производи од полето на одбраната, вештачката интелигенција и напредните технологии.
Според податоците на Турското собрание на извозници (ТИМ), извозот на Туркије во ОАЕ пораснал за 30,9 отсто во првите седум месеци од оваа година, на годишно ниво на 2,46 милијарди долари.
Секторот за накит остварува најголем извоз во ОАЕ во овој период, со вкупно 971,3 милиони долари, по кој следува извозот на хемиските супстанции и производи од 156,9 милиони долари, електрична енергија и електроника со 123,7 милиони долари, житарки, мешунки, маслени семиња и производи со 107,5 милиони долари и аквакултура и производи од животинско потекло со извоз во вредност од 100,6 милиони долари.