?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Турската полиција во Истанбул утрово изведе акција во која се приведени најмалку 15 лица кои се сомничат за поврзаност со младинските ограноци на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (АА).
Во текот на претресот на низа адреси на полицајците од Одделот за борба против тероризмот поддршка им пружија и припадниците на специјалната полиција, како и еден полициски хеликоптер.
Приведените се сомничат дека извршиле повеќе грабежи во маркети во истанбулските населби Газиосманпаша и Султангази и извеле напади со молотови коктели во неколку истанбулски паркови. Полицијата при приведувањето запленила и две пушки и еден пиштол.
Турските безбедносни сили изведуваат опсежни антитерористички операции ширум земјата а посебно во источните и југоисточните провинции каде се изведуваат и воздушни напади врз упориштата на терористите од ПКК на планините.