Övünç Kutlu
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
АНКАРА (АА) - Нето-добивката на националната нафтена компанија на Саудиска Арабија, „Сауди Арамко“, минатата година се намали за 20 отсто во споредба со претходната година, односно се намали на 88,2 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според финансискиот биланс на оваа компанија за 2019 година, компанијата во 2018 година достигна нето-добивка од 111,1 милијарди долари. Во намалување на нето-добивката влијаеше и падот на цените на суровата нафта секоја година.
Просечната цена за барел сурова нафта „Брент“, која најмногу се користи во светот, во 2018 година беше 71,19 долари, додека во 2019 година со пад од 9,6 отсто изнесуваше 64,37 долари.
Вкупното производство на јаглеводороди на „Сауди Арамко“ минатата година во просек дневно изнесуваше 13,2 милиони барели еквивалент на нафта (boe), додека капиталните трошоци на компанијата во 2019 година се намалија на 32,8 милијарди долари, односно за 6,5 отсто во споредба со претходната година. Оваа бројка во 2020 година се очекува да биде меѓу 25 и 30 милијарди долари.
Исто така, вкупните резерви на сурова нафта на оваа компанија во 2018 година беа 256,9 милијарди барели, кои во оваа година се зголемија на 258,6 милијарди долари, со раст од 0,66 отсто.
Оваа компанија на 12 декември минатата година сруши рекорд со тоа што пазарната вредност на компанијата надмина 2 билиони долари.
Откако минатата недела цените на нафтата се намалија на најниското ниво во последните четири години, пазарната вредност на „Сауди Арамко“ за една недела се намали за 230 милијарди долари.