Bahattin Gönültaş
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
БЕРЛИН (АА) – Во соопштението на „Фијат Крајслер автомобили“ (Fiat Chrysler Automobiles, FCA) се истакнува дека шест погони на подружниците на „Фиат Крајслер автомобили“, „ФКА Италија“ и „Масерати“ во Италија и фабриките во Србија и Полска, ќе го стопираат производството до 27 март, поради Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според тоа, производството во погоните на компанијата во Мелфи, Помиглиано, Касино, Мирафлори, Груглиаско и Модена и во фабриките во Крагуевац, Србија и Тајчи во Полска, ќе биде прекинато во наредните две недели.
Во изјавата исто така се истакнува дека меѓу вработените се препорачува „социјално растојание“ поради појавата на коронавирусот.
„Групацијата заедно со деловните партнери се подготвува да го обезбеди претходно планираното производство, покрај прекинот на нашите производствени активности“, се нагласува во соопштението.
По објавувањето на информацијата, акциите на компанијата паднаа за 10 проценти. „Фијат Крајслер автомобили“ има 24 производствени погони во Европа, вклучувајќи ја и Турција.
„Фијат Крајслер автомобили“ во изјавата од 11 март информира дека го прекина производството за два-три дена, од среда до сабота, во погоните во Помиглиано, Мелфи, Атеса и Касино.
Од друга страна, според вестите во шпанските медиуми, германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ исто така ќе го прекине производството од денеска, бидејќи затворањето на границите со шпанските производители „Навара“ (Navarra) и „Марторел“ (Martorell) го отежнува синџирот на снабдување.