Övünç Kutlu
25 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ЊУЈОРК (АА) - Приходите на социјалната мрежа „Твитер" во првиот квартал оваа година се зголемија за повеќе од 21 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата „Твитер" се наведува дека нивните приходи во првите три месеци изнесувале 665 милиони долари, што е раст од 21,3 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во периодот јануари-март 2017 година, компанијата остварила приходи од 548 милиони долари.
Во соопштението се наведува дека во првиот квартал од оваа година приходите на оваа социјална мрежа, остварени преку огласување, изнесувале 575 милиони долари, што е раст за 21,3 проценти во со истиот период минатата година.
Во првите три месеци од 2017 година, „Твитер" остварил приходи од 474 милиони долари преку огласувања.
Од оваа социјална мрежа, тие додадоа дека во првиот квартал од оваа година оствариле профит од 61 милион долари, додека во истиот период минатата година компанијата имала загуби од 62 милиони долари.
Се додава дека во првиот квартал од 2018 година, бројот на активни корисници на оваа социјална мрежа достигнал 336 милиони, што претставува раст од 2,7 отсто во споредба со истиот период од 2017 година.
Во првите три месеци од минатата година, социјалната мрежа „Твитер" имаше 327 милиони корисници.