Gökhan Ergöçün
20 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Производствените цени во Германија на годишно ниво во септември се задржаа на рекордни 45,8 отсто, покажуваат податоците на Германскиот сојузен завод за статистика „Дестатис“, објавени денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за најголемиот раст за една година од почетокот на водењето на статистиката во 1949 година.
Инфлацијата на производствените цени во август беше на исто ниво како и во септември, додека во јули таа изнесуваше 37,2 отсто.
Големо влијание врз цените имаат енергенсите кои во просек за една година поскапеа за 132,2 отсто.
Природниот гас во септември беше за 192,4 отсто поскап отколку во истиот период минатата година, додека цената на електричната енергија чини 158,3 отсто повеќе.