Emre Gürkan Abay
16 Септември 2022•Ажурирај: 19 Септември 2022
МОСКВА (АА) – Вицепремиерот на Русија, Александар Новак, истакна дека гасоводот „Моќта на Сибир 2“, кој се планира да биде изграден за испорака на природен гас во Кина, може да го замени „Северен тек 2“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новак во Самарканд за рускиот државен канал „Русија-1“ (Rossiya-1) даде оценки за проектот „Моќта на Сибир 2“.
Одговарајќи на прашањето дали проектот може да го замени гасоводот „Северен тек 2“, Новак рече: „Да, да, „Моќта на Сибир 2“ може да го замени „Северен тек 2“. Всушност, капацитетот се планира да биде 50 милијарди кубни метри годишно.“
Во една друга изјава што ја даде вчера, Новак рече дека Русија и Кина наскоро ќе го потпишат договорот за проектот „Моќта на Сибир 2“.
Процесот на дизајнирање на проектот „Моќта на Сибир 2“, кој се планира да испорачува природен гас од полињата во Сибир до Кина, поминувајќи низ Монголија, започна во септември 2020 година.
Проектот „Северен тек 2“ со кој беше планирано да се транспортира руски гас до Германија преку Балтичкото Море, не можеше да биде пуштен во употреба поради санкциите, и покрај завршувањето на неговата изградба.