Satuk Buğra Kutlugün
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по најмалку 91 лице кои исчезнаа во лизгање на земјиштето кое вчера сруши 33 објекти во јужниот дел на Кина, јавува Anadolu Agency (АА).
Лизгање на земјиштето се активираше во 3.40 часот по централно европско време во близина на индустриската зона на Шенжен во јужната Кинеска провинција Гуангдонг каде целосно беа срушени 33 згради во кои беа сместени 15 компании.
Заменик градоначалникот на Шенжен, изјави како меѓу срушените објекти беа 14 фабрики, 13 ниски згради, три спални, две деловни згради и една кантина.
Тој додаде дека меѓу исчезнатите се 59 мажи и 32 жени, кои ги бара повеќе од 1.500 спасувачи. Свлечиштето зафати површина од 380 илјади квадратни метри, а кинеските власти тврдат дека започна откако големата количина на кал и конструкцискиот отпад станаа нестабилни.