Ekip
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Спасувачките екипи се уште трагаат по најмалку 27 исчезнати во лизгање на земјиштето кое рано утрово сруши 22 објекти во јужниот дел на Кина, јавува Anadolu Agency (АА).
Слечиштето е активирано утрово во 3:40 часот по централно европско време на градската индустриска зона на Шенжен во јужна Кина.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави дека по катастрофата дошле да помогнат повеќе од 1.500 луѓе кои притоа успеале да извлечат четири лица од кои тро се здобиле со полесни повреди.
Слечиштето целосно сруши 22 згради во кои се сместени 15 компании, а од загрозената зона се евакуирани околу 1.000 луѓе.
Весникот "South China Morning Post", пренесува изјави од локалните жители кои тврдат дека на местото на свлечиштето веќе две или три години имало пукнатини на почвата и дека властите целосно ги игнорирале барањата да се превземе нешто во врска со тоа.