Gökhan Ergöçün,Tuba Şahin
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) - „Централната банка на Република Турција (ЦБРТ) ќе ги обезбеди потребите за ликвидност на банките во Турција“, објави денеска ЦБРТ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во рамките на дневното и ноќното позајмување, Централната банка ќе ја обезбеди сета ликвидност која им е потребна на банките“, соопштија во писмена изјава од ЦБРТ.
Банките ќе можат да позајмуваат девизни депозити со рок од еден месец, покрај веќе постоечките со рок од една недела.
Доколку е потребно, ЦБРТ може да ги зголеми лимитите на девизните депозити на заемодавачите на 50 милијарди долари и да ги подобри условите за користење.
„За да им обезбеди флексибилност на банките во управување со колатералата, Централната банка ги ревидираше дисконтните стапки за колатералата на сите трансакции кои не се во турска лира“, се наведува во соопштението.
ЦБРТ додаде: „Со оваа регулатива се очекува дека дисконтната вредност на моменталните неименувани колатерали ќе се зголеми за околу 3,8 милијарди турски лири (555,4 милиони долари)“.
Централната банка, исто така, ги подигна лимитите на девизните депозити за трансакции на заемодавачите во лири од 7,2 милијарди евра (8,2 милијарди долари) на 20 милијарди евра (22,8 милијарди долари).