Aysu Biçer
28 Ноември 2019•Ажурирај: 30 Ноември 2019
ТРАБЗОН (АА) - Најновите бројки покажуваат дека Турција тргна по патот на раст од 4-5 отсто, рече турскиот министер за финансии и трезор, Бреат Албајрак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Албајрак имаше обраќање на 24. Самит на бизнисмени од „Патот на свилата“ во црноморскиот град Трабзон.
„Особено во текот на минатата година“, рече тој, „Турција се бореше против дезинформациите во врска со нејзината економија, но за тоа време економијата разви неопходен одбранбен систем против надворешните шокови.“
Тој додаде дека со операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, Турција стана помоќна.
„И со безбедносните, и со економските политики, ќе ја однесеме Турција кон едно посилно утре, а нивото на приходи ќе почне да расте уште повеќе од претходно.“
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница и формирање безбедносна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тоа подрачје.
Анкара сака терористите на ПКК/ЈПГ да се повлечат од регионот за да може да се создаде безбедносна зона и да се отвори патот за безбедно враќање на околу два милиони бегалци.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.