Mehmet Alaca
13 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
РОЛИ (АА) - Рој Купер, гувернерот на американската сојузна држава Северна Каролина, го помилува Донтае Шарпе, кој помина 24 години зад решетки поради убиство за кое со години тврди дека не го направил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Шарпе и другите погрешно осудени затвореници заслужуваат јавно признание за навреда“, рече гувернерот Купер, кој внимателно го проучил случајот.
Шарпе, кој како 19-годишник е осуден на доживотен затвор за убиство на 33-годишниот Џорџ Радклиф во 1995 година, се изјаснувал како невин од првиот ден.
„Верував дека ќе бидам помилуван“, порача Шарпе, по одлуката за помилување, додавајќи дека сè уште е збунет.
Случајот против Шарпе бил заснован на сведоштвото на 15-годишно девојче кое тврдело дека Шарпе го убил Радклиф, но подоцна ги повлекло своите зборови.
Шарпе е пуштен од затвор во август 2019 година, откако тужителот рече дека нема да има повторно судење.
Во последните месеци, активистите за правда се собираа пред резиденцијата на гувернерот Купер, со барање да го одобри „помилувањето поради невиност“ на Шарпе, за да бара отштета за погрешната пресуда.
„Помилувањето поради невиност“ што гувернерот Купер го даде вчера му овозможува на Шарпе да поднесе барање за отштета во износ до 750.000 долари.