Emel Öz Gözellik
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
НЕШВИЛ (АА) - Најмалку осум лица се повредени откако патнички авион излета од пистата при слетување на меѓународниот аеродром во Нешвил, Тенеси САД, јавува Anadolu Agency (АА).
Несреќата се случи доцна синоќа откако патничкиот авион на компанијата " Southwest Airlines " слета на аеродромот во Нешвил а потоа скренал од пистата.
Станува збор за Боинг 737 кој со 133 патници и пет членови на екипажот летал од Хјустон - Нешвил.
Компанијата соопшти дека сите патници и членови на екипажот се евакуирани од оштетениот авион и дека осум лица се здобиле со полесни повреди. Во тек е истрагата за причините за несреќата.