Senita Şeherçehayiç
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
ДОРКИНГ (АА) - Во Доркинг, Велика Британија, беше оддржана 11. по ред трка „UK Wife Carrying Championships“, во која мажите настојуваат што побрзо да ја истрчаат патеката долга повеќе од 380 метри додека истовремено на грб ги носат своите сопруги, јавува Anadolu Agency (AA).
Во овогодишната трка учествуваа 40 натпреварувачи, а победнички пар беа Крис Хепворт и Таниша Принс. Овој пар постави и нов рекорд на трката во Доркинг, 1 минута и 37 секунди.
„Оваа трка е една од работите по кои Доркинг е познат во светот, што малку и бизарно. Морате да бидете познати по нешто“, изјави за новинарите еден од организаторите на трката.