Mesut Zeyrek
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
КЕЛН (АА) - Како што беше случај и претходните години, и денес во 11:11 часот во Германија настапи карневалската сезона која започна со низа програми во неколку градови меѓу кои и во Келн, Дизелдорф и Мајнц, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку илјади посетители се собраа на плоштадот „Хеумаркт“ во Келн, и наглас одбројуваа почнувајќи од 11, со што официјално започна сезоната на карневали.
Во текот на програмата, чије овогодишно мото е „Срцето чука во овој дел на градот“, голем број костимирани учесници, и покрај ниските температири, ја развеселуваа публиката.
Одржани беа и помали концерти, а присутните ја искористија можноста за добра забава.
Во текот на карневалската сезона, која симболично се нарекува и петто годишно време, на 24 февруари 2020 година ќе се одржи и поворка, а сезоната ќе трае до 26 февруари 2020 година.