Atila Altuntaş
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
СТОКХОЛМ (AA) – АТИЛА АЛТУНТАШ
Евреин од Шведска, активистот Бењамин Ладра, тргна пеш на пат кон Палестина, за да укаже на насилството на израелската држава кон Палестинците.
Ладра на 15. август од градот Гетеборг започнал свој поход кон Палестина. Екипата на Anadolu Agency (AA), четвртиот ден од неговото пешачење го затекна во градот Линкопинг, а Ладра во таа пригода, во разговор за АА се осврна на своето патување.
Истакна дека одлучил пешки да помине 4.800 километри за да укаже на насилството кое Израел го спроведува над Палестинците.
„Израел ја напаѓа Газа со фосфорни бомби. Бомбардира болници, училишта, цивили. Спречува испраќање на хуманитарна помош во Газа и го остава народот без вода. Мене тоа навистина тешко ми паѓа и поради тоа ќе пешачам до Палестина", рече Ладра.

Истакна дека народот во неговата земја е слабо запознаен за случувањата во Палестина и дека во текот на својот пат на своето патување на сонародниците им зборува за Паестина.
„Џамијата Ал-Акса е трет најважен симбол на исламот. Тоа е верски симбол, и на било која вера да и припаѓа, неприфатливо е во него да влегува војска и да спроведува насилство. Тоа е во спротивност со човековите права и верските слободи. Ова што Израел го прави е кршење на човековите права", порача Ладра.
Додаде дека на сопствена иницијатива одлучил пешки да го тргне патот кон Палестина.
„Одлуката ја донесов сам. Зад мене не стои никаква организација. Луѓето кои ме следат на социјалните мрежи, редовно ги известувам за патот. Во план е во текот на патувањето да присуствувам и на различни активности, па така во Германија, во едно средно училиште, ќе им говорам на учениците за Палестина", рече Ладра и додаде:
„Знам дека ова ќе биде тежок пат, но поради овој пат ја напуштив мојата работа во Црвена полумесечина. Моето патување би требало да трае околу година дена."