Kenan Irtak
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - На сирискиот бизнисмен Надир Ибрахим на почетокот на војната во неговата татковина уништени се две фирми, а потоа и она малку пари кои успеа да ги извлече завршија во рацете на преварантите на бегалската рута, за да сега како образована личност која течно зборува пет јазици преживува во собирајќи хартија по депонии во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за 44-годишна личност од албанско потекло чии предци се од истанбулското место Арнавуткој отселиле во Фирдевс во близина на Алепо. По завршено основно и средно образование од Алепо отишол на студии по економија во Мароко. Покрај арапскиот, научил англиски, француски, шпански и италијански јазик и се вратил во Сирија каде што започнал приватен бизнис. Се загубил на почетокот на војната во Сирија и избегал во Турција каде веќе лесно комуницира на туски јазик.
Во разговор за Anadolu Agency, Ибрахим рече дека со сопругата и децата од Сирија во Турција избегал кон крајот на 2012 година. После година дена живот во хотели, Ибрахим рече дека луѓето на кои им помагал сфатиле дека има пари и пота му понудиле некоја работа во Едрине.
На крајот се испостави дека се беше голема голема измама поради која остана без пари и семејството мораше да го прати во Либан, каде живее и работи таткото на неговата сопруга. По бизнис измамата, раскажува Ибрахим, останал без пари и морал да започне да работи било што за да преживее.
Истакнувајќи дека почнал да собира стара хартија и да ја продава во поголеми складишта кои се бават со рециклажа, Ибрахим рече дека тие луѓе му дале едно возило бидејќи биле многу погодени од неговата приказна.
Иако имал прилика да отиде во европските земји, Ибрахим вели дека ќе остане во Турција која е единствената која држава која им отворила врати на сириските бегалци. Планира преостанатиот капитал од Сирија да го спаси и да го искористи за отворање на фирма во Истанбул.
„Единствено Турција ни ги отвори вратите и не прими. Во европските земји тешко е да се оди, а уште потешко на сириските бегалци да отидат во земјите како што е Катар, Саудиска Арабија и Либан", рече Ибрахим.
Со носталгичен глас Ибрахим рече дека многу му недостасува семејството, сопругата, осмогодишниот син Јусуф и петгодишната ќерка Мејем и додаде дека сонува дека повторно ќе бидат заедно. Додаде дека ќерката му е болна и дека посебно му недостасува што не е покрај неа.
„Сите ситиски бегалци имаат една желба, војнаата во нивната татковина да заврши и нивните семејства разделени ширум светот пак да се обединат" ,истакна Ибрахим.