22 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција и САД Феридун Синириоглу и Џон Кери разговараа за ситуацијата во Сирија осудувајќи ги нападите на сириската и руската армија врз Бајир Бучаку во северниот дел на провинцијата Латакија, јавува Anadolu Agenci (АА ).
Турското Министерство за надворешни работи објави дека Синирлиоглу и Кери вчера телефонски разговарале за минатонеделните интензивни напади од страна на сириските копнени сили и руски бомбардери врз Бајир Бучаку во кои живеат етнички Туркмени.
Поради спомнатите напади во петок, Министерството на разговор го повика и рускиот амбасадор во Анкара, додека пак Анкара со писмо се обрати до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), повикувајќи го највисокиот извршен орган на ОН веднаш да престане со воени напади во Бајир Бучкау.
Разговор помеѓу Синрлоглу и Кери беше реализиран на инсистирање на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, кој претходно за оваа прашање разговараше со началникот на Генералштабот на Турција Хулуси Акар и шефот на разузнавачката служба МИТ Хакан Фидан.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Танју Билгиќ рече дека Турција побарала од Русија итно да ја прекине операцијата врз Бајир Бучкау.
"Својата загриженост и предупредување ги пренесов на Министерството за надворешни работи на Русија,Михаил Богданов", рече Билгиќ.
Турскиот премиер Давутоглу претходно укажа дека сите оние кои се вклучени ќе бидат одговорни доколку продолжат со нападите врз цивилните населби во пограничната зона и доколку предизвикаат нов бран на бегалци од Сирија во Турција.