Selen Temizer, Ekip
21 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Со цел да се создаде безбедносна тампон зона на турско-сириската граница, бунтовничката група на Султан Мурат ослободи две места во Сирија, Харкала и Делха кои беа под контрола на терористичката организација Даеш. Притоа убиени се најмалку 70 терористи, пренесува Anadolu Agency (АА).
Селата Харкала и Делха се наоѓаат меѓу гратчињата Азаз и Јарабулус каде што живее претежно туркменско население.
Во судирите на бунтовничката бригада Султан Мурат и Даеш, загинаа најмалку 70 терористи. Како што соопштуваат безбедносните и локалните служби ова е прв чекор во создавање на безбедносна тампон зона.
Безбедносни извори сметаат дека овој успех ќе ја ослабне одбраната на Даеш а ќе ја зголеми желбата на победниците за борба против бунтовниците, истовремено ќе помогне во депортација на терористите во пустината, како и за воспоставување на безбедносните зони.