Adel Ömeragiç
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Потрагата за 11-годишниот Огњен Ракочевиќ од Подгорица продолжена е и денес. Иако помина осум дена од пријавата на исчезнување на момчето, припадниците на војската, полицијата, нуркачите и граѓаните понатаму го бараат, јавува Anadolu Agency (AA).
Огњен Ракочевиќ, момче кое боледува од аутизам, исчезна на 4 мај среде ноќ. Се претпоставува дека од дома излегол бос, без маица, а во долниот дел носел тренерки. Момчето има плава коса, светол тен и плави очи, висок е околу 150 сантиметри.
Претходните денови, нуркачите од Бијела го пребаруваа подрачјето на реката Морача под импровизираната брана во Ботун, подрачјето на реката од местото Вуковиќи до Скадарското езеро, додека нуркачите на војската пребаруваа дел од реката Морача.
Војската и полицијата ги пребаруваа речиси сите делови од околината на Подгорица, а над градот патролираше хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора додека снимката од дрон се ширеше по социјалните мрежи. Освен Подгорица, полициските службеници со припаниците на војската, со воен хеликоптер надлетуваа и кон теренот на Скадарско езеро,Бар, Никшиќ и Цетиње, како и северно, кон Колашин.
На Плоштадот на републиката во Подгорица денес повторно се собраа припадниците на војската и полицијата, на кои им се придружија десетина граѓани.
„Денес ќе се пребара крајбрежниот дел на реката Морача, во правец кон Везиров мост. Ќе се изврши пребарување на коритото на реката Морача од страна на нуркачите. Во текот на ноќта ќе биде ангажирана пловна единица и ловочувари со силни лампи, во крајбрежниот дел на Скадарското езеро. Ги повикуваме граѓаните да се соберат денес во 17 часот на плоштадот, за да го пребараме новиот дел од градот", рече утрово раководителот на станицата на полицитата Миљан Ќировиќ.
Инспекорите овие денови ја разматраат и можноста за грабнување на момчето.