Cihan Demirci
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ЕДРЕНЕ (АА) - Архитектот Карлос Моурао Переира (45) од Лисабон, Португалија, и покрај тоа што го загубил видот во сообраќајна несреќа, продолжува да ја извршува својата професија и да проектира, јавува Anadolu Agency (AA).
Переира истакна дека од својата петта година се интересира за високи и големи згради. Португалскиоит архитект соопшти дека до студентските денови се занимавал со уметност, но дека подоцна победила љубовта кон архитектурата.
„Семејството ме поддржување во мојот интерес кон уметноста, но во текот на студирањето ми препорачаа да ја изберам архитектурата. По завршувањето на студиите, започнав да проектирам, но по сообраќајната несреќа која ја доживеав во својата 35 година, го изгубив видот. Во почетокот ми беше многу тешко, се сретнав со најразлични проблеми“, раскажа Переира.
Переира нагласи дека сѐ повеќе ја засакува архитектурата.
„Кога го загубив видот, мислев дека сѐ е готово, но подоцна ги завршив докторските студии на Архитектонскиот факултет во Лисабон. Она што го работев користејќи ги очите, денеска го работам користејќи го слухот и допирот“, соопшти Переира и додаде дека веќе десет години успешно проектира со помош на макети од тесто.
Переира истакна дека неговата работа е многу олеснета благодарение на помошта на асистентот.
Португалецот на младите архитекти им препорачува кога ќе започнат професионално да се занимаваат со архитектура да проектираат простор во кој луѓето би се чувствувале комфорно.
Переира истакна дека негов идол е османлискиот архитект Мимар Синан, за кого смета дека е еден од најголемите архитекти во Европа.