Gökhan Kavak
12 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
АБУЏА (АА) - Во западноафриканската држава Нигерија дојде до експлозија на цистерна со течно гориво. Во несреќата животот го загубија 12 лица, а 20 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во југоисточниот дел на Нигерија, на подрачјето на сојузната држава Крос Ривер, се преврте цистерна со гориво. Експлозијата се случила додека лицата околу цистерната се обидувале да го соберат горивото што течело од цистерната.
Загинатите изгореле од пожарот што ги зафатил, а повредените главно имаат изгореници од трет степен и се префрлени во болницата на Универзитетот „Калабар“.