Elvir Hocic
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
БЕРЛИН (АА) - Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека признанијата и благодарноста се клучен фактор за задоволството на вработените на работното место, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со анализа на последниот извештај на Европското истражување на работните услови (ЕВЦС), Економскиот институт на Германија објави текст во којшто се наведува дека повисок степен на задоволство на работното место покажуваат работниците кои повремено добиваат покачување на платата, пофалби и кои имаат можност за напредување во работниот колектив.
ЕВЦС е стручен центар којшто веќе 27 години ги истражува условите за работа во Европската Унија, а во последното истражување од 2015 година беа испитани речиси 44.000 работници.
Помалку задоволни од работата се испитаниците кои имале долг работен ден, биле под притисок на временски рокови и често биле прекинувани во работата.
Најсреќни на работното место се работниците во Австрија, каде што 93 отсто од испитаниците се изјаснија дека се задоволни на работа.
Во Германија, 88 отсто од вработените се изјаснија дека се задоволни, што е под европскиот просек.