Gökhan Balcı
28 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
ЕДРЕНЕ (АА) - Површината на езерото Гала во подрачјето на Енез во северозападната турска област Едрене, е делумно покриена со мраз поради ниските зимски температури кои ја зафатија земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Птиците преселници на езерото, фламингата, како и гуските и лебедите, се борат да најдат храна во оризовото поле во близината, бидејќи делумно замрзнатата површина на езерото е не можат да ја пробијат.
Северозападна Турција од изминатата недела е зафатена од студено време поради студената воздушна маса која доајде од регионот на Балканот и од Црното Море.

Секојдневниот живот е попречен поради студеното време, но се очекува температурите да се вратат во сезонска нормала на почетокот на февруари.