Sefa Şahin
28 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
АНКАРА
Турската фондација „Дијанет“ (TDV), како и сите претходни години, продолжува да им пружа помош на децата и семејствата во Сирија кои се во опасност поради студот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на „Дијанет“ (TDV), Изани Туран, изјави дека по тој повод од првиот ден на започнувањето на војната во Сирија се обидуваат да пружат помош на сириските семејства на сите полиња, од испраќање храна, изградба на објекти за престој до пружање образовни и здравствени услуги.
Наведувајќи дека потребите на луѓето во тоа подрачје значајно се зголемиле како што настапило постудено време, Туран рече дека во регионите Азаз, Идлиб и Африн пред војната живееле околу 1,5 милиони луѓе, а дека сега населението во регионот стигнало до 6 милиони.
Нагласи дека повеќе од 2 милиони од нив во моментот престојуваат во шатори.
„Семејствата кои се соочуваат со бројни предизвици во тој регион, многу повеќе се погодени со настапувањето на студените денови. Тие се обидуваат да преживеат со помошта која доаѓа од Турција“, рече Туран.
Тој истакна дека Фондацијата со своите 1.003 претставништва спроведува акција за собирање помош.
„Досега испланирано е да поделиме околу 5.000 печки, околу 1.000 тони зејтин, 5.000 капути, чизми, пакети со храна и теписи, 8.000 ќебиња, 3.000 кревети и нивната дистрибуција до семејствата во Сирија продолжува. Што повеќе донации ќе примиме, повеќе ќе можеме да им помогнеме да загрозените“, рече Туран.