Ömer Ural
29 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ТЕКИРДАГ
Доцент д-р Нежат Алтинташ, главен доктор во Болницата за здравствена пракса и истражување при Универзитетот „Намик Кемал“ во турскиот град Текирдаг, даде изјава за Агенција Анадолија (АА) во која истакнува дека поголемиот број смртни случаи предизвикани од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се резултат на респираторна инсуфициенција.
Д-р Алтинташ истакна дека лицата со респираторни проблеми и оние кои консумираат цигари се изложени на поголем ризик.
„Вирусот, покрај кај старите и кај лицата со респираторни проблеми, многу е ефикасен и кај лицата кои консумираат цигари и е причина за смртни случаи“, истакна тој.
Д-р Алтинташ информираше дека цигарите му помагаат на вирусот полесно да навлезе во организмот, препорачувајќи дека во овој период лицата што пушат цигари мораат да се откажат од таа навика, и додаде:
„Постои ензим фурин кој му помага на вирусот да се прикачи во нашиот организам. Кај луѓето што пушат цигари овој ензим е многу повеќе нефункционален отколку кај останатите луѓе. Тој му помага на вирусот полесно да се прикачи за клетките. Во исто време овозможува прикачување и за црвените крвни зрнца, па може да се каже дека пушењето цигари дејствува на неколку начини: помага вирусот да навлезе во клетката и е причина за згуснување и згрутчување на црвените црвни клетки, а тоа пак од друга страна ја нарушува флуидноста на крвта.“
- „Доаѓате во ситуација на возило без гориво“
Доцент д-р Алтинташ, зборувајќи за новиот тип коронавирус, истакна дека механизмот на неговото дејствување е многу сложен и секој ден реагира поинаку.
„Во нормални услови болеста дејствува врз две места. Прво се белите дробови. Дејствува како да се давите во вода. Целата внатрешност на душникот се полни со вода. Второ, ги уништува црвените крвни зрнца кои се одговорни за транспортот на кислородот низ нашиот организам, исто како што тие се уништуваат при труење со гас или труење со јаглероден моноксид. Кислородот не може да се пренесува низ организмот. Како резултат на тоа се останува без здив. Доаѓате во ситуација на возило без гориво“, посочи д-р Алтинташ.
Д-р Алтинташ препорача да не излегувате надвор освен ако не сте принудени на тоа, велејќи:
„Ги молам оние што од задоволство излегуваат надвор, да стават крај на таа навика. Државните органи немаат што да направат. Момент е кога е потребно народот да покаже малку одговорност.“