Şenhan Bolelli
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
МАДРИД
Во Шпанија, во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 325 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 24.257 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во истиот период се забележани 2.144 нови случаи на заразување и дека вкупниот број на заразени достигнал до 212.917.
Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа се излекувани 6.399 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19, со што е забележан најголем број на излекувани во еден ден.
Вкупниот број на излекувани во Шпанија достигна до 108.947 лица.
Епицентарот на коронавирусот во Шпанија е Мадрид, каде што од Ковид-19 починаа 8.105 лица, а заразени се 60.765.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во Парламентот зборуваше за нацрт-планот за ублажување на мерките кои ќе се спроведуваат во четири фази. Тој изјави дека Шпанија во економска и општествена смисла се наоѓа во многу тешка состојба.
Шпанскиот министер за наука и иновации, Педро Дике, за шпанските медиуми изјави дека до 2021 година е невозможно да се развијат и произведат милион вакцини против коронавирусот.
Се очекува вонредната состојба која шпанските власти ја прогласија во рамките на мерките против ширењето на Ковид-19 до 9 мај, да биде продолжена до 24 мај.