Barış Gündoğan
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
АНКАРА – Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека Турција ја завршила првата фаза во борбата против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство, по состанокот на Научниот одбор за Ковид-19, на која учествуваше преку видео-конференција, одржа прес-конференција.
„Турција ја заврши првата фаза во борбата против коронавирусот“, нагласи Коџа.
Тој истакна дека епидемијата е ставена под контрола, но дека фактите за вирусот не се променети.
„Сега веќе можеме да направиме некои промени во нашите тековни политики и практики во управувањето со епидемијата. Епидемијата е земена под контрола, но фактите за вирусот не се променети. Нашиот дом продолжува да биде најбезбедното место во борбата против вирусот“, рече Коџа.
Тој истакна дека заканата од коронавирусот не е исчезната, и дека тоа ќе биде возможно со изолацијата на последниот носител и со излекување на последниот пациент.
Наведувајќи дека новиот период што започна не е типичен период на нормализација, Коџа рече: „Ризикот продолжува. Губењето на контролата ќе биде покана за втор бран. Ова го видовме во многу земји.“
Истакна дека до денес се користел изразот „враќање во нормала“, и појасни дека всушност не станува збор за враќање во нормала, туку за формирање на „нормалите“ на новиот живот.
„Ги формираме ‘нормалите‘ на новиот живот. Тоа е ‘контролираниот социјален живот‘. Во контролираниот социјален живот постојат две правила. Првото е ако треба да излеземе надвор да користиме маски, второто е да се прилагодиме на социјалната дистанца“, нагласи министерот Коџа на прес-конференцијата.