Zehra Ulucak
13 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
АНКАРА (АА) – Агенција Анадолија (АА) објави карта за коронавирусот што е изработена на Универзитетот во Вашингтон, за да им обезбеди на своите читатели информации во реално време за новиот вид коронавирус Ковид-19.
Интерактивната мапа објавена на веб-страницата на АА ги прикажува ажурираните податоци за регионите каде што се шири новиот вид коронавирус, за бројот на случаи, смртноста и стапките на закрепнување.
Мапата подготвена од лабораторијата „Humanistic GIS Laboratory“ на иницијатива на Универзитетот во Вашингтон, има за цел истражување на дигиталниот свет, а е креирана од Бо Жао, професор на Одделот за географија при Универзитетот.
„Humanistic GIS Laboratory“ исто така претходно ги подготви проектите како што се „Глобален атлас за мигранти“ и „Калкулатор за вода“.
До мапата може да се стигне преку интернет-адресата www.aa.com.tr/en/p/coronavirus-infection-map .