Erdoğan Çağatay Zontur
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
АНКАРА (AA) – Во Турција се потврдени уште три случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени е зголемена на пет, јавува Агенција Анадолија (АА).
„По првите два случаи, потврдивме уште три кои беа во контакт со нив од исто семејство. Сите пет случаи се директно поврзани", рече министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа.
Додаде дека Турција забранила летови во 14 земји, во согласност на мерките за борба против ширење на коронавирусот.
Коџа рече дека турските државјани кои престојувале во посета на странските земји ќе поминат 14 дена во самоизолација.
Како што појасни турскиот министер за здравство, болниците ќе бидат дозволени само во текот на работното време а и тие ќе бидат ограничени.
Коронавирусот се појави во декември минатата година во кинескиот град Вухан, а се прошири во најмалку 123 земји и територии.
Според Светската здравствена организација (СЗО) од последиците на заразувањето починаа околу 5.000 луѓе, додека повеќе од 132.000 се заразени.
СЗО прогласи глобална пандемија.