Adam Abu-bashal
08 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 287 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 10.651 нов случај на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.287.238.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 247 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 54.209.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (22.249), по која следуваат Мароко (6.320) и Египет (6.790).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (817.878), по која следуваат Мароко (381.188) и Египет (118.847).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.947.529 лицa.