Adam Abu-bashal
27 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
АБУЏА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 215 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 8.935 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.216.558.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 322 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 28.656.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (13.502 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.317) и Алжир (1.465 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (615.701), по која следуваат Египет (97.825) и Мароко (55.864).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 945.475 лица.