Adam Abu-bashal
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 436 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.813 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.436.433.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 209 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 34.587.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.206 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.822) и Алжир (1.918 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (665.188), по која следуваат Египет (107.743) и Мароко (102.375).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.180.677 лица.