Adam Abu-bashal
07 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 536 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.536.806.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 36.928.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (17.103), по која следуваат Египет (6.001) и Мароко (2.410).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (683.242), по која следуваат Мароко (137.248) и Египет (103.902).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.275.086 лица.