Gökhan Kavak
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 2 милиони и 693 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.693.626.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 63.453.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република, додека на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.249.456 лица.